Италијанското обвинителство запленило имот од една и пол милијарда евра трагајќи по мафијашки бос

Италијанското обвинителство што се бави со сицилијанската мафија и трага по мафијашкиот шеф, Матео Месина Денаро, кој е бегство, денеска објави дека запленило имот во вреденост од една и пол милијарда евра.

Главниот обвинител за борба против мафијата, Џузепе Говернале, верува дека имотот е поврзан со клан од западниот дел на Сицилија на чие чело е Месина Денаро, кој е во бегство од 1993 година.

Агенцијата АП тврди дека конфискацијата на туристички одморалишта, јахта долга 21 метар и друг имот е една од најголемите во Италија, во рамки на стратегијата за слабеење на криминалните организации на Апенинскиот Полуостров преку одземање на незаконски стекнатото богатство.

Се тврди дека имотот припаѓал на наследниците на Кармело Пати, сопственик на локална туристичка компанија, за која властите тврдат дека е поврзана со мафијашкиот бос.

Агенцијата „Анса“ објави дека адвокатите на наследниците на починатиот Пати поднеле тужба за да им биде вратен конфискуваниот имот.

Треба да знаете
Последни објави