Аеродром во Сингапур ги трансформираше своите терминали според филмовите на „Хари Потер“ и „Фантастични ѕверови“

Аеродромот Чанги во Сингапур, во соработка со продуцентската куќата „Ворнер Брос“, ги трансформираше своите терминали според сценографијата на филмовите „Хари Потер“ и „Фантастични ѕверови“.

На овој начин патниците може да го посетат бајковидното село Хоџсмид, исто така, да ја видат познатата железничка станица во Хогсворт, како и сите други локалитети од популарните книги кои потоа добија и филмска верзија.

Третиот терминал на аеродромот ќе биде претворен во познатата улица Diagon Alley од каде што младите волшебници ги купуваат потребните материјали за учебната година во „Хогвортс“, а на вториот терминал ќе биде претставена реплика на дрвото од Забранетата шума.

Сценографијата на аеродромот Чанги е наменета за фановите на овој серијал од сите возрасти, а оние најпосветените дури ќе имаат можност да облечат и униформа од училиштето за магии „Хогвортс“.

Треба да знаете
Последни објави