Search

Шпанија за договорот за брегзит: Мадрид да го има последниот збор за Гибралтар

Шпанија денеска соопшти дека во договорот за брегзит мора јасно да се стави до знаење дека Мадрид ќе го има последниот збор за тоа како идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија ќе влијаат на Гибралтар, британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров.

Шпанските власти меѓудругото посочија и дека во однос на ова прашање мора да има билатерални разговори.

„Јасно е, и Владата е решена дека мора да биде апсолутно загарантирано дека било кој договор помеѓу Европската унија и Велика Британија ќе бара претходна согласност од Шпанија во однос на Гибралтар”, изјави Изабела Села, портпаролка на шпанската Влада.

Треба да знаете
Последни објави