Search

Анри: Одговорноста за слабите резултати на Монако е моја

Тренерот на Монако, Тиери Анри ја презеде целата одговорност за лошите резултати откако тој го презеде тимот.
Анри се уште нема победа на чело на францускиот тим, а досега запиша четири порази, а во два од дуелите одигра нерешено.
Во моментов Монако се наоѓа во зоната за испаѓање од Лига 1, а во следниот свој натпревар ќе се соочи со Каен.
– Ние сме во деликатна ситуација, сите сме свесни за тоа. Не треба да бараме изговори со нашите повредени играчи. Во последните денови трениравме со помалку фудбалери поради меѓународните натпревари, но го направивме она што требаше со достапните играчи. Натпреварот во Каен нема да биде лесен. Ние одиме против тим кој исто така поминува низ тежок период, изјави Анри.
Треба да знаете
Последни објави