Search

(Видео) Нападнат лидерот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ

Нападнат лидерот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ

Лидерот на политичката партија Левица на Србија, Борко Стефановиќ, вечерва во Крушевац пред почетокот на трибина на Сојузот за Србија беше нападнат од неколку мажи, кои на биле со фантомки и бил претепан со дрвени палки, објави „Блиц“.

Тој бил нападнат пред месната заедница во која треба да се одржи трибината. Напаѓачите, како што пишуваат српските медиуми го чекале таму, а покрај него, повредени се уште тројца други членови на партијата.

Како што пишува „Блиц“, Стефановиќ бил удиран со дрвени палки, по што паднал и удрил во метална решетка. Веднаш потоа бил однесен во болница.

Иван Мандиќ, претседател на Левица во Крушевац, рече дека Стефановиќ и другите членови на партијата биле нападнати од седум мажи.

„Ние ги препознавме и го пријавивме идентитетот на напаѓачите во полицијата. Месната заедница исто така има и камери на влезот и се гледа што се случило“, рече тој.

Од партијата сметаат дека ова е резултат на валкана хајка која режимот на Александар Вучиќ секојдневно ја води против политичките неистомисленици, велат опозиционерите.

 

Треба да знаете
Последни објави