Заев: Со празнувањето на Денот на албанската азбука го славиме зближувањето на различните културни традиции

– Организацијата на оваа свечена академија по повод 110 годишнината од стандардизацијата на албанската азбука е само еден дел од содржините и настаните што овие денови со голема почит ги посветуваме на овој значаен настан од историјата на албанскиот народ и од историјата на Република Македонија- изјави Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на  обраќањето на Свечената академија по повод одбележувањето на 110 годишнината од албанската азбука.
На свеченоста свои обраќања имаа и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Претседателот на Република Албанија, Илир Мета и Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

На денешен ден, во 1908 година, во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и на него присуствувале делегати од Албанија, и од албанските заедници во Романија, Египет, Америка, Грција, Турција, Италија и други земји- вели Заев.

Според бројот и важноста на учесниците, Конгресот во Битола бил најзначаен културен настан за албанскиот народ на почетокот на 20. век, за што денес сведоштво се експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола. Таа содржи 56 фотографии и повеќе од 230 документи во дигитална и хартиена форма, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енѓели од 1462 година, превод на албански јазик на Eвангелието, повеќе варијанти на албанската азбука што се користеле до усвојувањето на современата албанска азбука, како и одлуката за создавање модерна азбука на албанскиот народ.

На Конгресот е решено азбуката да се состои од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес. За потребите на печатење на книги и весници со албанска азбука, во Битола тогаш се отворила и првата печатница, позната како Битолска Печатница, во која се печателе првите буквари, училишни текстови и неделниот весник „Башкими и Комбит“- изјави Заев.

Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува јазикот и писмото на секоја нејзина заедница.

Одбележувањето на културните вредности, датуми и традиции на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската, е во суштината, во основата на нашето мултикултурно општество.

 

Треба да знаете
Последни објави