Шведска ќе помогне да се унапреди квалитетот на воздухот во Босна и Херцеговина

Агенцијата за заштита на околината на Шведска, претстави во Босна и Херцеговина проект кој ќе помогне да се засилат капацитетите на релевантните институции во земјата за унапредување на квалитетот на воздухот.

Шведскиот амбасадор во БиХ, Андерс Хагелберг рече дека во рамки на проектот ќе бидат пренесени шведските знаења и искуства, со цел инстутуциите подобро да ги подготват мерките за подобрување на воздухот. Амбасадорот додаде дека за мерките да бидат успешни, потребни се силни залжоби од страна на власта, но клучна е и свеста на секој граѓанин како поединец.

Вредноста на проектот изнесува 3,8 милиони евра, за период од 2018 до 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави