Хрватите откриле кој ја продава бронзата од Франција 1998

Бронзата од Франција во 1998 година на аукција ја ставил колекционер, тој медалот го купил пред десет години. Медалот е еден од десетте во колекцијата на ФИФА што ги добиле претставниците на националните Сојузи и ФИФА.

Изминатите денови во Хрватска се „крена прашина“ околу тоа кој од фудбалерите решил да го продаде бронзениот медал, освоен на Светското првенство во Франција пред дваесет години.

До ова лето, бронзата од Франција го претставуваше најголемиот успех на хрватскиот фудбал, поради што гласно одекна во јавноста дека еден од медалите е ставен на продажба.

„Продавачот е колекционер. Тој го купил медалот пред десет години од неименуван функционер на ФИФА“, за телевизија  потврдиле од аукциската куќа.

ФИФА, во 1998 година, на членовите на хрватскиот тим им поделила 30 медали и уште десет медали кои завршиле кај претставници на националните Сојузи и функционери на ФИФА.

На оваа колекција и припаѓа медалот што се продава. Тој е проценет на 7.500 евра, а вредноста би му била поголема доколку медалот му припаѓал на некој од хрватските фудбалери.

Треба да знаете
Последни објави