Легендарниот автор на многу суперхерои од „Марвел“ според кои се снимени многу блокбастери, неодамна починатиот Стен Ли , сепак ќе продолжи да се појавува во филмовите.
Имено, многумина претпоставуваа дека неговата смрт ќе означи крај на неговите симпатични појавувања во филмовите за суперхероите, но тоа не е случај.
Пред смртта, Ли успеа да сними сцени за уште два претстојни филма, „Капетан Марвел“ и четвртите „Авенгерси“.
Сепак, некои претпоставуваат дека постои можност за уште неколку појавувања што студиото Марвел сè уште не ги најави, а со оглед на квалитетот на специјалните ефекти, ништо не ги спречува да го уфрлат во некој од претстојните филмови.