Search

Mицкоски: И СДСМ исклучуваше пратеници од партијата

Mицкоски: И СДСМ исклучуваше пратеници од партијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за 1ТВ рече дека не треба постојано да се навраќаме на минатото и да се фокусираме на сегашноста за да може да работиме на иднината.

 Во врска со таканареченото „Кацарска судството“ рече дека ова што сега ни се случува е далеку од европски квалитет и европски стандарди.

Според него, пред нас се реформи кои се неопходни да се направат не само во судството туку и во обвинителството но и во други сфери што се поврзани со правната држава.

-Ако ние правиме реминисценција за нешто што било во минатото,а создаваме слично такво дури и десет пати полошо и тоа го оправдуваме, еве и под претпоставка се што било порано било лошо, ако ние исто правиме сега па дури и неколку пати полошо што сме постигнале како општество. Критикувајќи го минатото, а гледаме како ни оди во сегашноста без да обезбеди вистински правец за иднината што правиме ние како политичари и како ние на овие граѓани во Република Македонија ќе и овозможиме подобра и посигурна иднина, рече Мицкоски. 

Според лидерот на опозицијата, има примери каде други партии делувале поапсолутистички од неговата партија која исклучи повеќе членови по гласањето за уставни измени.

„Имате во минатото пример во СДСМ, истакнати пратенички во минатото Буралиева, Грчева, беа исклучувани само затоа што се вратиле во Парламентот. Имате градоначалници кои што одлучиле спротивно од партискиот став да учествуваат на трката за локални избори. Па понатаму како што беше случајот со Стевче Јакимовски. Имате пример со Нано Ружин, се сеќавам случајот кога прифати да биде амбасадор, па зошто прифатил повторно беше исклучен, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На лидерот на опозицијата случајот “Космос” не му предизвикува непријатност во контекст на случајот “Талир” и обвинението за нелегална градба на зградата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мене ми е гордост кога стапнувам во зградата на ВМРО-ДПМНЕ, ми беше гордост и кога влегував во седиштето во жолтата зграда. Ми беше срам кога ги гледав оние полицајци како се извинуваа додека ги претресуваа нашите автомобили барајќи го Груевски под моето седиште или под седиштето на возачот или во гепекот оној ден кога се одвиваше првиот чин од ова реално шоу кое за жал до ден денес трае. Ми беше жал кога опозиционата мисла беше тешко опколена од припадниците на МВР како ги претресуваат сите оние десетици членови на ВМРО-ДПМНЕ кои влегуваа или излегуваа од партиското седиште. Тоа беше директен атак врз опозициски мисла во Македонија, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави