Што одредува дали ќе се сеќаваме што сме сонувале?

Во научната заедница, соништата и понатаму се голема мистерија. И покрај голем број на извршени експерименти и поставени теории, научниците и понатаму не разбираат целосно зошто и како сонуваме. Работите дополнително ги комплицираат фактите дека сите луѓе сонуваат, но некои живописно се сеќаваат на нив, а некои не се сеќаваат на соништата.

Нема едноставно објаснување, а од досегашните проучувања, тоа што влијае дали сабајле ќе се сеќаваме на соновите или не, е следново:

Полот

Жените почесто се сеќаваат на соништата. Научниците не се сигурни зошто, но сметаат дека ова би можело да се должи на биолошките или хормонските разлики меѓу половите. А можеби жените се посвесни за своите сонови бидејќи како феномен повеќе ги интересираат отколку мажите.

Годините

Колку сме постари, толку потешко се сеќаваме на соновите. Способноста за памтење се зголемува во детството и адолесценцијата, врвот го достигнува во дваесеттите години, а потоа почнува да опаѓа.

Личноста

Забележана е извесна врска помеѓу типот на личноста и склоноста за памтење сонови. Личностите кои се склони да размислуваат за својата психолошка состојба, почесто се сеќаваат на своите сонови од оние кои на животот му пристапуваат попрактично.

Времето поминато во сон

Просечното време кое го поминувате спиејќи е еден од најважните фактори кој одредува дали ќе се сеќавате на сонот или не. Луѓето сонуваат на секои 90 минути во време на REM (rapid eye movement) фазата на сон.

Но, овие REM циклуси стануваат подолги во текот на ноќта, што значи дека повеќето сонови ги сонуваме пред утрото и пред да се разбудиме.

Доколку спиете на пример 4 часа наместо осум, имате само 20% од вообичаеното време за сонови. Од оваа причина, луѓето почесто се сеќаваат на соновите за викенди, бидејќи тогаш имаат време да го „надоместат” спиењето кое го жртвуваат во работните денови.

Одговор на надворешни стимуланси

Луѓето кои ги памтат своите сонови имаат засилена активност на мозокот во деловите кои се задолжени за одговор на звук. Еволуцијата сака сонот да биде таков за добро да се одмориме, но и да сме способни да се разбудиме во случај на опасност и да ја процениме ситуацијата и потоа брзо да потонема повторно во сон. Помислете на сите опасности со кои луѓето се соочувале во праисторијата. Јасно е дека ова било клучно за преживување.

Во суштина, луѓето кои ги памтат соновите се за нијанса посвесни кога спијат и тоа им помага да формираат долготрајно памтење, велат научниците.

Што може да направите за почесто да се сеќавате на соновите?

Соновите се уште во нашето краткорочно памтење непосредно по будењето и лесно е да се заборават. По будњето, полежете малку и обидете се да се сетите.

Треба да знаете
Последни објави