Хедер Локлир задржана на психијатрија на посматрање

Американската актерка Хедер Локлир, која глумеше во сериите „Династија” и „Мелроус Плејс”, беше задржана на психијатрија, бидејќи минатиот викенд го претепа своето момче Крис Хејзер, по што го исфрли од дома, пишуваат американските медиуми.

Според нив, холивудската ѕвезда е задржана на посматрање 72 часа. Хедер имаше проблеми оваа година, поради што мораше да интервенира и полицијата. Имено, Локлир беше уапсена во јуни бидејќи во алкохолизирана состојба удри со автомобилот во оградата пред својата куќа во Калифорнија.

 

Кога полицајците дојдоа на местото на настанот, актерката ги нападна поради што заврши во притвор. По само неколку часа слобода, таа беше задржана во болница бидејќи се предозирала, а на посматрање остана две недели.

 

Треба да знаете
Последни објави