Search

Турски медиуми: ЦИА има снимка, принцот наредил Кашоги да се замолчи

Деталите за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги сé уште се мистерија. Кој ја наредил ликвидацијата сè уште не е познато, пишуваат медиумите ширум светот.

Турскиот весник „Хуриет” пишува дека наводно, добил нови информации кои докажуваат дека принцот Мохамед бин Салман ја издал наредбата за убиството на новинарот.

Според весникот, ЦИА има аудио клип од телефонски повик на кој се слушало како принцот Салман наредил на неговиот брат „да го замолчи Кашоги што е можно поскоро”.

Ријад уште од самиот почеток со исчезнувњето на новинарот ја отфрли секоја вмешаност на кралското семејство во овој случај со исчезнувањето и подоцна убиството на новинарот.

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ЦИА има, но не 100 % докази за тоа кој го наредил убиството, по што реагираше официјална Анкара, велејќи дека ЦИА ја знае дури и бојата на крзното на мачката која шетала во дворот на саудискиот конзулат, па оттука како што велат турските власти ЦИА не е можно да не знае кој го наредил убиството.

Џамал Кашоги беше голем критичар на властите во Саудиска Арабија. Тој беше колумнист во „Вашингтон пост“, а на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул за да подигне документи кои му беа потребни за неговата венчавка, но тој не излезе оттаму.

По неколку дневна истрага Ријад соопшти дека КАшоги бил убиен во конзулатот, како резултат на кавга со неколку лица во зградата. Повеќе од 15 лица се приведени и осомничени за неговото убиство.

Телото на Кашоги и по повеќе од деден месец се уште не е пронајдено. Турција уште првиот ден од исчезнувањето на Кашоги го обивини Ријад дека стои зад убиството на новинарот.

Треба да знаете
Последни објави