Search

Трипл-дабл на Вестбрук за дебакл на „Вориорс“ на домашен терен

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ го забележаа четвртиот пораз по ред, овој пат од „Оклахома Сити Тандерс“ со 95:123. Ова беше еден од најтешките порази на домашен терен за актуелниот шампион и тоа на домашен терен.

Гостите уште на полувремето водеа со 14 разлика, но, иако најдобра игра „Вориорси“ покажуваат во трета четврина, шампионот остана без муниција до крајот на мечот. Расел Вестбрук постигна трипл-дабл, со по 11 поени и скока и 13 асистенции. Најдобриот играш на „Тандерс“ овој пат не беше себичен па уште четворица соиграчи постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Денис Шродер со 32 и Пол Џорџ со 25 поени. Кај „Вориорс“ најдобар беше Кевин Дурент со 27 коша и 14 скоа, а исто толку коша постигна Клеј Томпсон.

Леброн Џејмс со „ЛА Лејкерс“ гостуваше во Кливленд кај неговиот поранешен клуб. „Кралот“ доби овации од публиката како и видео посвета откако ги постигна првите поени на средбата во која триумфираше неговиот тим со 105:109. „Кавалирси“ на седум минути пред крајот имаа предност 96:87, но Џејмс го предводеше пресвртот со тројка, забивање и четири погодени слободни фрлања. „Кралот“ натпреварот го заврши со 32 поени, 14 скока и седум асистенции. Во редовите на „Кливленд“ одличен меч имаше и охриѓанецот Чеди Осман, кој постигна 21 поени. За „Кливленд“ ова е 14 пораз сезонава, а имаат само две победи и се најслаб тим во лигата.

Резултати од останатите натпревари:

„Шарлот“ – „Индијана“ 127:109
„Филаделфија“- „Њу Орлеанс“ 121:120
„Атланта“- „Торонто“ 108:124
„Бостон“-„Њујорк“ 109:117
„Чикаго“ –„ Феникс“ 124:116
„Минесота“- „Денвер“ 101:104
„Сан Антонио“-„ Мемфис“ 103:104
„Јута“- „Сакраменто“ 110:119
„Хјустон“ – „Детроит“ 126-124

Треба да знаете
Последни објави