Search

СМО: Емисијата на стакленички гасови на рекордно ниво

Светската метеоролошка организација (СМО) соопшти дека нивото на стакленички гасови во атмосферата пораснало на нов рекорд во текот на минатата година, предупредувајќи дека е пропуштена прилика да се делува против климатските промени.

СМО наведува дека просечната глобална концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата во 2017 година пораснала во однос на претходната година. Концентрацијата на останатите гасови кои го создаваат ефектот на стаклена градина, како метан и азотен оксид, исто така, пораснале.

СМО наведува дека ова е првпат ажурираните бројки за 2017 година да бидат достапни за јавноста.

Генералниот секретар на СМО, Петери Талас, изјави дека Земјата последен пат имала толку високa концентрација на јаглероден диоксид пред најмалку 3 милиони години.

„Ако не се намалат стакленичките гасови, климатските промени ќе станат сè поизразени и ќе имаат неповратни последици по животот на Змјеата“, рекол Талас.

Стакленичките гасови придонесуваат за зголемување на ефектoт на стаклена градина кој влијае врз загревање на планетата Земја кое настанало со нарушување на енергетската рамнотежа помеѓу количината на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина во последното столетие, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.

Треба да знаете
Последни објави