Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уништи се што е здраво и зелено, во занесот по криминалот заборавиле дека сите дишеме ист воздух

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уништи се што е здраво и зелено, во занесот по криминалот заборавиле дека сите дишеме ист воздух

11 години ВМРО-ДПМНЕ преку своето криминално и расипничко владеење парите на граѓаните ги трошеше на барок, споменици, палми, бели палати, мерцедеси, стиропор фасади и криминални тендери, реагираа од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тој занес по криминалот ВМРО-ДПМНЕ уништуваше се што е здраво и зелено и воопшто не му беше битно колку загаден воздух дишеа граѓаните. За разлика од таквиот антинароден пристап, Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции системски пристапува кон решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето. Планот за чист воздух за кој се издвоени дополнителни 1.5 милиони евра преку низа на мерки на краток, среден и долг рок има за цел системски да го решава аерозагадувањето“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

За таа цел, додаваат од партијата во своето соопштение веќе се преземаат и ќе бидат преземени мерки кон сите извори на загадувањето, домаќинствата, индустријата сообраќајот, со интенција во наредниот период загадувањето на воздухот да се намали двојно.

Треба да знаете
Последни објави