Search

Родители внимавајте: Децата проодуваат во дубаци без сопирачки

Дубаци без кочници, детски пиштоли со ситни куршуми, гардероба со привезоци кои може да се одлепат и проголтаат се само дел од опасностите кои ги демнат најмалите. 

Валентина Ангеловска

Секој месец по две играчки и гардероба се отстранувани од пазарот во земјава со образложение дека се опасни за употреба дознава 24 инфо. Детски дубаци, пиштоли, нараквици за бебе, но и дуксери и цели детски компплети облека се само дел од запленетите опасни производи од страна на Пазарниот инспекорат годинава.  На листата се дваесетина производи, а потеклото на истите веќе не е само кинеско. Има играчки и дуксери од Турција, а увозниците не се само од Скопје. Има од Струга, Велес,Тетово. Производите се веќе запленети и тргнати од рафтовите. За разлика од лани кога се откриени само два производи кои се оценети како небезбедни , годинава оваа бројка е десет пати поголема.

–   Детска јакна со врвки во пределот на качулката. Небезбедна е бидејќи може да
дојде до давење на детето. Не е во согласност со стандардот забезбедност на детска облека МКС ЕН 14682. Се препорачува на потрошувачите доколку набавиле ваков производ истиот да престанат да го користат или да ги отстранат врвките. Купените производи исто така може да ги
вратат кај трговецот- препорачуваат од Пазарниот инспекторат. Според нив кај дубаците проблем се кочниците.

-Дубакот нема кочници на долниот дел и притоа може да дојде до паѓање од скали со сериозни повреди на детето. Не е во согласност со стандардот МКС ЕН 1273. Производот е е повлечен од промет. Се препорачува на потрошувачите доколку набавиле ваков производ истиот да престанат да го користат.Купените производи исто така може да ги вратат кај трговецот- стои во известувањето.

Играчка – пластично оружје со проектили пак има мали делови кои детето може лесно да ги
голтне и да дојде до задушувње. Не е во согласност со стандардот за безбедност за играчки.

Нараквица за бебе има мали делови кои детето може лесно да ги голтне и да дојде до задушувње.

Играчка – свирка со врвка има врвка што може да се стави околу вратот и заради димензијата на врвката постои можност од давење. Фрлач на топки е играчка која има мали делови кои детето може лесно да ги голтне и да дојде до задушување.

Цела работа започна пред неколку дена откако Европската комисија за потрошувачи излезе со предупредување дека на европскиот пазар циркулираат небезбедни играчки.

– За да бидат задоволни потрошувачите, Комисијата за потрошувачи и Државната агенција за метрологија и технички надзор повторно ја започнаа кампањата „За побезбеден Божик“. Седмата година по ред, нејзината цел е да ги заштити граѓаните од опасните производи што го поплавуваат пазарот во ова време од годината- стои во нивното соопштение.

Треба да знаете
Последни објави