Search

Продолжен рокот за субвенции за чистење на оџаци во Скопје

Продолжен рокот за субвенции за чистење на оџаци во Скопје

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, Град Скопје го продолжува  доделувањето  субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци.

Ова е една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот и досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за  добивање субвенции се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи:

– Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);

– Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;

– Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;

– Потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот;

– Фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). и

– Фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка.

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

Барањето за надоместок можете да го преземете на следната интернет врска – http://www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%202018.doc

Треба да знаете
Последни објави