Search

Кривата кула во Пиза е малку помалку навалена отколку што беше порано

Познатата Крива кула во Пиза е исправена за половина степен по реставрацијата, а стабилноста е подобра од очекуваното, велат експертите.

Експертите велат дека Кривата кула во Пиза е малку помалку навалена отколку што беше порано, пишува весникот „Гардијан”.

Кулата, која е навалена речиси од почетокот на изградбата во 1173 година, загуби четири сантиметри од наваленоста во последните две децении, според извештајот на надзорната група, која се состанува секои три месеци за да ја процени состојбата на овој споменик на културата.

Структурата, која беше тешко оштетена за време на Втората светска војна, беше затворена за јавноста во 1990 година од безбедносни причини и не беше отворена 11 години.

Надзорната група беше формирана во 2001 година откако инженерот Мишел Јамилковски ја координираше меѓународната комисија за да го зачува овој симбол на Италија и градежништвото.

Годишно пет милиони туристи ја посетуваат кулата, која се наоѓа зад катедралата во Пиза. До врвот на кулата неопходно е да се искачат 269 скалила.

Треба да знаете
Последни објави