Search

ЕУ воведува детектори за лаги на границите

Според некои податоци, повеќе од 700 милиони луѓе влегуваат во ЕУ секоја година. Бидејќи овој број постојано расте, Брисел воведува детектори на лаги на границите.

Според хрватскиот весник „Вечерњи лист“, од биометриските податоци кои се користат, сега за зачувувањето на границите се преминува на биомаркери кои откриваат дали едно лице ја зборува вистината или не. На неколку аеродроми во Унгарија, Грција и Латвија, започнува тестирањето на системот ‘iBorderCtrl’, развиен под покровителство на ЕУ.

Процесот на проверка се одвива во неколку фази. Првиот се одржува пред патувањето, така што патниците преку онлајн апликација треба да внесат фотографија од пасошот, виза и товрда дека имаат доволно пари за престој во ЕУ. Потоа преку веб-камера тие ќе одговораат на прашања на ‘аватар’, компјутерски генерирани гранични полицајци, пишуваат медиумите.

‘Аватар’, според информациите кои се пренесуваат во медиумите ќе биде персонализиран за секој патник – компјутерски границен полицаец, кој ќе биде ист пол како патникот, ќе зборува на неговиот јазик, а исто така и визуелно ќе се одрази на етничката припадност на патникот.

Фокусот ќе биде ставен и на изразите на лицето на патникот, како што се малите промени на лицето, додаваат медиумите. Ќе се прави и анализа на движењата на лицето на патникот, односно, оние движења кои често се на око невидливи, ова е нешто со кое научниците со децении го истраѓуваат тврдејќи дека токму тие мали движења на лицето откриваат дали некој ја кажува вистината или лаже.

По споредување на движењата на лицето и одговорите, како и анализата на добиените резултати, патникот ќе се најде во една од две категории – нискоризични или високоризични патници. Во таа фаза, патниците добиваат информации за нивните права и процедури и предупредување за нелегални активности, пишуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави