Вработена во маркет која беше отпуштена поради две резанки пршута, зема 8 000 евра оштета

Случајот на продавачката на задарскиот „Интерспар“ Сузана Шешо доби епилог. Загрепскиот окружен суд донесе конечна пресуда според која „Интерспар” мора да плати околу 8 000 евра надоместок поради незаконско отпуштање, според „езадар“.

Имено, продавачката на одделот за деликатес во задарскиот „Интерспар“ Сузана Шешо доби отказ под обвинение дека изела сендвич на работа без да плати, земајќи две резанки пршута од чинијата и тоа со голи раце. Настанот се случи во септември 2015 година.

Загрепскиот окружен суд ја образложи пресудата со ставот дека „консумирањето на два произволни производи во сопственост на тужителите не претставува особено сериозно прекршување на работната обврска поради која продолжувањето на работниот однос, земајќи ги предвид околностите и интересите на двете страни, не е можно”.

Треба да знаете
Последни објави