Три нови верзии на новиот Самсунг „С10“

Корејската компанија „Самсунг“ планира на почетокот од следната година да претстави нови модели на мобилни телефони од серијата „галакси С“. За разлика од актуелните С9 и С9+, моделот С10 ќе има три различни верзии од кои две ќе имаат закривен, а една рамен екран.

Големината на екранот не би требало да се разликува од моделите на С9 серијата. Така, помалите модели ќе го задржат екранот од 5,8 инчи, додека поголемите ќе имаат дијагонала од 6,2 инчи. Моделот со рамен екран се очекува да има екран од 5,8 инчи.

Во однос на екраните, треба да се наведе и дека за новата „галакси с10“ линија, „Самсунг“ подготвува нова генерација на OLED екрани за кои се користи работниот назив – M9. Според изворите, за изработка на M9 екраните се користат нови форми на органски материјали од кои некои ќе бидат набавени и од нови фабрики – црвените ќе ги испорача американската Dow Chemical, а сините материјали SFC Chemicals, исто така од САД.

Со тоа без ангажман остануваат Duksan Neolux (црвени) и Idemitsu (сини), кои ги обезбедуваа наведените материјали за производство на органски светлосни диоди во М8 екраните користени кај С9, С9+ и Ноут 9. Зелениот материјал за изработка на OLED екраните ќе продолжат да го обезбедуваат Nippon Steel и Samsung SDI.

Треба да знаете
Последни објави