Тодориќ: Ќе ја освојам власта и ќе ја придвижам Хрватска на вистинскиот начин

,,Ќе ја освојам власта и ќе ја придвижам Хрватска на вистинскиот начин, одам на избори”, изјави по излегувањето од затвор поранешниот сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ, кој првиот ден на слобода го започна со одење на фризер.

Како што пренесува 24sata.hr, Тодориќ бил кај Нена, познат фризерски салон во Загреб, а медиумите го снимиле и како храни гулаби.

,,Се вратив на старо-новата фризура. За гаранцијата ми помогнаа многу луѓе, сами се јавуваа. Не е фер сега да зборувам, се ќе се дознае. Ќе ја освојам власта и ќе ја придвижам Хрватска на вистинскиот начин, одам на избори”, порача тој.

Треба да знаете
Последни објави