Дурант казнет со 25.000 долари поради пцуење навивач

Крилниот кошаркар на „Голден Стејт“, Кевин Дурант беше казнет со 25.000 долари од НБА, а причина за санкцијата е пцовка, која Кеј Ди ја упатил кон навивач на „Далас Маверикс“.

Тоа се случи кон крајот на првата четвртина при поразот од 109:112, кој шампионите го претрпеа против „Далас“ на 17 ноември. Дурант го заврши натпреварот со 32 поена, четири скока, три асистенции и четири грешки за 37 минути.

„Воините” не се во најдобра форма и имаат пет порази во последните седум сезонски дуели.

Треба да знаете
Последни објави