Сеул: Северна Кореја отстрани 10 погранични пунктови

Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја отстранила некои од своите погранични пунктови, во рамки на договорот постигнат со цел ублажување на тензиите на границата.

Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека војската го потврдила отстранувањето на 10 севернокорејски пунктови, како и дека Пјонгјанг претходно го известил Сеул за плановите за отстранувањето.

Двете Кореи во септември се согласија да ги отстранат сите погранични пунктови долж границата долга 248 километри и широка четири километри.

Во меѓувреме, и едната и другата страна го повлекоа оружјето и трупите од 11 погранични пунктови и одлучија во целост да отстранат десет пунктови.

Инаку, границата меѓу Северна и Јужна Кореја, е место на чести судири и крвопролевања.

Треба да знаете
Последни објави