Свештеник од Германија прокоцка 120 000 евра

Католичкиот свештеник од централната германска бискупија Магдебург потклекна пред земното искушение, неодамна прокоцка 120 000 евра на лажна онлајн лотарија, објави ДПА.

Свештеникот (64) од парохијата Баленштет, сознавајќи ја својата грешка, се покаја и се предаде на полицијата и ја призна проневерата на магдебуршкиот бискуп Герхард Фејџ.

Германските црковни власти ќе разговараат дали ќе му биде дозволено да продолжи да ги извршува  досегашните должности во парохијата.

Засега, бискупот Фејџ го отстрани од службата на која беше назначен во 2010 година и јасно му  стави до знаење дека очекува да ги врати парите што и припаѓаат на парохијата.

Треба да знаете
Последни објави