Татко од Квебек го тужи „Мекдоналдс“ за рекламирање оброци со играчки

Татко од Квебек поднесе колективна тужба против „Мекдоналдс“ со образложение дека детските оброци Happy Meal се косат со локалните закони против маркетинг насочен кон деца.

Многу родители се противат на имеријата за брза храна и покрај тоа што овие пакетчиња многу често се наоѓаат на менито на нивните деца и се многу практични за патување, пренесува Би-Би-Си.

Антонио Браманте е главниот тужител кој вели дека „Мекдоналдс“ незаконски ги рекламира овие продукти на деца под 13 години.

Ова значи дека компанијата го крши строгиот закон за заштита на млади потрошувачи.

Браманте, татко на три мали деца, вели дека тој и своите деца јадат во „Мекдоналдс“ еднаш во две недели, токму поради нивно инсистирање, се вели во судските документи.

Тој проценува дека потрошил стотици долари на овие детски оброци со играчка.

Таткото додава дека играчките најчесто произлегуваат од популарните филмови, а децата сакаат да одат во рестораните за да ја комплетираат својата колекција од играчки.

Тој вели и дека ресторанот директно ги таргетира децата со тоа што отворено ги изложува играчките каде децата можат да ги видат.

Во Квебек маркетингот насочен кон деца помлади од 13 години е забранет со закон и е еден од ретките градови кои забраниле секакви реклами насочени кон деца.

Треба да знаете
Последни објави