Скопјанец почина на улица

Скопјанец починал на улица, вчера во населбата Карпош 3, информираше МВР.

На 19.11.2018 година во 13.28 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица Карпошово Востание бил пронајден починат П.П.(69) од Скопје. Според пријавеното, тој додека се движел по улицата му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош, која само констатирала смрт без траги на насилство, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави