На американскиот рапер Текаши 69 му се заканува доживотна казна затвор за неколку кривични дела

Даниел Хeрнандез, во музичкиот свет познат под псевдонимот на Текаши 69, беше уапсен во неделата и се соочува со долгогодишна затворска казна.

Тој е обвинет за кривично дело рекетирање, поврзаност со криминалната група „Najn trej blads“, како и непријавени вооружени грабежи и поседување на оружје.

Ако биде прогласен за виновен, тој може да добие минимална затворска казна од 32 години затвор, додека максималната казна доколу ја добие би била доживотен затвор.

„Хернандез е член на многу насилна група. Тој учествувал во многу акти на насилство”, рече државниот правобранител, Мајкл Лонгиер.

Адвокатот на Хернандез, Ленс Лазаро понудил неговиот клиент да го предаде својот пасош и да биде префрлен во домашен притвор со кауција од 1 милион долари, но комисијата го отфрлила ваквото барање.

Покрај Хернандез, во неделата беа уапсени и неговите соработници, поранешниот менаџер Кифано Џордан, Фахим Волтер, Денсел Батлер и Џамел Џонс.

Како што изјавија официјални лица, апсењето е резултат на петгодишна федерална оперативна работа. Адвокатот на Хернандез изјави дека неговиот клиент бил дел од групата повеќе од една година и дека ги запознал другите осомничени на концерт и ги ангажирал како менаџери и чувари.

Хернандез минатата недела објави дека ќе ја прекине соработката со групата, тврдејќи дека тие го краделе.

Треба да знаете
Последни објави