Италијанската полиција конфискувала осум луксузни вили на мафијата

Италијанската полиција утрово соопшти дека конфискувала осум луксузни вили во Рим кои биле во сопственост на италијанската мафија.

Според нивните информации вилите нелегално биле градени од припадници на наводно ‘мафијашки клан’ во Рим.

Во полициската акција утрово учествувале околу 600 полицајци.

Градоначалниката на Рим, Вирџинија Рeџи, кој ја следеше операцијата против членовите на организираната банда Казамоник, рече дека вилите ќе бидат уништени до крајот на годината.

Треба да знаете
Последни објави