Владата во Етиопија обвинета за етнички прогон

Моќна партија од владината коалиција во Етиопија ги обвини службите за приведување на членови од нивната етничка група во политички мотивиран прогон – неочекуван потег кој откри длабоки поделби во владината коалиција.

Обвинувањата се производ на зголемените тензии помеѓу ТПЛФ – движење кое доминира во Етиопија неколку декади – и новиот премиер-реформист Абиј Ахмед кој со своите радикални реформи ја разбранува политичката сцена.

Најмалку 79 безбедносни лица, службеници, бизнисмени, кои припаѓаат на Тиграјан, беа уапсени минатата недела, поради корупција и малтретирање на затовреници.

Амнести Интернејшнл и други групи за човекови права ги поздравија овие политики. Но, Дебретсион Гебремајкл од ТПЛФ изјави дека овие апсења кои се навидум за справување со корупцијата и човековите права, се користат за политички прогон на етничката група Тиграјан.

Канцеларијата на премиерот не излезе со соопштение по повод овие обвинувања.

Треба да знаете
Последни објави