Search

(Видео) Донесен Мијалков во затворот во Шутка со лисици во рацете

Донесен Мијалков во затворот во Шутка со лисици во рацете

На Сашо Мијалков му е одреден 30 дневен притвор , потврди СЈО, а спроведен во затворот во Шуто Оризари со лисици во рацете. Тој е притворен во Хотелот Мериот на барање на СЈО. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му одредил мерката притвор.

Од СЈО информираа дека притворот на Мијалков е за предметот „Таргет– Тврдина”.

Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина” обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков е обвинет во неколку предмети на СЈО како  „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

Претходно , на барање на СЈО во затворот во Шуто Оризари беа приведени оиранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс- генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски.

Фото и видео: 24 инфо

Треба да знаете
Последни објави