Тетовец се забил со автомобил во дрво и загинал, вчера на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 23.30 часот. Тогаш Н.И.(52) од село Милетино, управувајки автомобил „Хјундаи“ излетал од патот и удрил во дрво. Од добиените повреди Н.И. починал на самото место на несреќата.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.