Талибанците потврдија дека преговарале со американската делегација во Катар

Официјалните претставници на талибанците во понеделникот потврдија дека присуствувале на тридневниот состанок во Катар со делегацијата на САД предводена од Залмај Калилзад.

Состанокот во Доха, каде што Талибанците имаат политичка канцеларија, се одржа од среда до петок, со цел „наоѓање мирно решение за проблемите во Авганистан”, рече портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.

Муџахид додаде дека станува збор за воведни разговори и дека не е постигнат договор. Тој, исто така, ги негираше тврдењата на медиумите дека милитантите сакале да формираат влада.

Американската влада го повика Халилзад да се состане со талибанците за да има мирни преговори со нив.

Калилзад на прес-конференцијата во Кабул во неделата рече дека е „претпазлив оптимист” за постигнување мир меѓу милитантите и владата пред одржувањето на претседателските избори во април.

Треба да знаете
Последни објави