Судир на бунтовниците во Сирија, 25 мртви

Во судир на бунтовниците во северна Сирија, за време на викендот загинаа 25 лица, а десетици се повредени, јавија западните новински агенции, повикувајќи се на податоците на невладините организации за човекови права.

Судирите, како што се наведува, за прв пат избиваат помеѓу сириските протурски бунтовнички фракции во градот Африн, на северот во земјата, во покраината Алепо.

Ова подрачје, во најголем дел населено од Курдите, во март падна во рацете на турската војска и нејзините сириски сојузници кои ги протераа курдските сили по офанзивата.

Судирите започнаа во саботата и продолжија во неделата.

Треба да знаете
Последни објави