Search

Посебен сообраќаен режим во Скопје

На 17 и 18.11.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 17.30 часот, во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“ на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар .„Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје.

МВР апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Треба да знаете
Последни објави