Search

Косово убедлив во Малта, Шведска ја изненади Турција во Истанбул

Фудбалската репрезентација на Косово одигра уште една одлична партија во Лигата на нации и со високо 0:5 ја потопи Малта нагости. Нашиот северен сосед е на чекор до пласман во полуфиналето во Лига Д.

Стрелци на головите за Косово беа Муриги, Кололи, Донис Авдијај (2 гола) и Милот Рашица.

Азербејџан и Фарски Острови исто така одиграа меч од Лига на нации на кој победа од 2:0 славеа домашните фудбалери. Стрелци на головите беа Назаров и Мадатов уште во првото полувреме.

Шведска ја изненади Турција во Истанбул и со голот на Гранквист славеа со 0:1. Скандинавците останаа со шанси за пласман во полуфиналето и во последното коло ќе бркаат победа дома против Русија.

На останатите денешни натпревари Албанија загуби дома од Шкотска со 0:4, Италија и Португалија одиграа без голови, Романија со 3:0 беше подобра од Литванија, а Србија победи 2:1 против Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави