Search

Трамп поставил модна креаторка за амбасадорка: Жената која облекува јавни личности е нов претставник на САД во Јужна Африка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за нова амбасадорка во Јужна Африка именувал модна креаторка од јужна Флорида.

Белата куќа именувањето на родената Јужноафриканка Лејнa Маркс го објавила доцна вчера.

Маркс е родена и пораснала во Јужна Африка и сега е извршна директорка на модна компанија која ги снабдува славните личности.

САД се без амбасадор во Јужна Африка од изборот на Трамп за претседател.

Тој факт довел до критики дека владата на Трамп не е доволно посветена на односите со Јужна Африка.

Кандидатите за амбасадори од приватниот сектор не се необични за американските прилики и бројат околу 30 проценти од амбасадорите.

Треба да знаете
Последни објави