Search

И Чешка нема да го потпише договорот за мигрантите

 

Чешката влада денеска одлучи дека земјата останува надвор од договорот на ОН за меѓународен пристап до безбедна и уредна миграција.

Оваа одлука е донесена бидејќи чешкиот премиер Андреј Бабиш силно се противи на овој документ, за кој рече дека претставува закана за безбедноста и суверенитетот на земјата, пренесе агенцијата АП.

Бабиш истакна дека документот, кој треба да биде формално усвоен на состанокот на 11. и 12. декември во Маракеш, е опасен, иако не е обврзувачки, бидејќи всушност ја дефинира миграцијата како основно човеково право.

Бабиш истакна дека договорот бил одбиен и од САД, Австрија и Унгарија.

Вицепремиерот Рихард Брабец на прес-конференција рече дека Чешка долго време се залага за разграничување на легалната од нелегалната миграција, објави агенцијата „Ројтерс“.

Тоа е суштината на предлогот на Чешка и други европски земји. Конечниот текст не ги одразува овие предлози“, рече Брабец.

Чешка претходно го отфрли планот на ЕУ во земјите-членки да бидат сместени одреден број на баратели на азил.

Покрај Чешка, Унгарија и Австрија, договорот го отфрли и Бугарија, во чија коалициона влада се наоѓа и антиимигранстски настроената Партијата на обединетите патриоти, а чиј парламент денеска ќе гласа по однос на ова прашање, пренесува британската агенција, додавајќи дека и Полска најави можно отфрлање на договорот.

Треба да знаете
Последни објави