Search

Разбојници на мотор ограбиле скопјанка

Двајца разбојници на мотор ограбиле скопјанка, вчера во скопската населба Аеродром, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 16.15 часот на улицата Владимир Комаров. Тогаш Д.К.Н.(61) била ограбена од две непознати лица. Арамиите, кои биле на мотоцикл, и ја одзеле чантата во која имало пари, два мобилни телефони и документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави