Загина еден пешак а шестимина се повредени, трамвај излета од шините во Белград

Загина еден пешак, трамвај излета од шинити во Белград

Еден пешак го загуби животот, а шестимина се повредени откако трамвај кој се судри со автомобил, излета од шините во Белград.

Како што пренесуваат српските медиуми, трамвајот е излетал од шините, удрил во дрво и во зградата на Стопанската комора на Србија, а потоа удрил и во еден 30-годишен пешак.

Пешакот како што соопштија тамошните медиуми им подлегнал на повредите. Според тамошните медиуми шест други лица биле примени во Ургентниот центар.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а улицата на која се случила истата е целосно затворена. На самото место на несреќата има голем број пожарникари, сообраќајна полиција, екипи на Брзата помош, како и градоначалникот и заменик-градоначалникот на Белград.

Треба да знаете
Последни објави