Search

Според „Сведок“, Камчев бил приведен без судски налог

Јордан Камчев бил приведен од СЈО без судски налог и донесен и распрашан во судот во време додека СЈО се уште вршело претрес во неговите компании, пишува порталот „Сведок“.
Според порталот, ова е еден од аргументите на неговата одбрана наведена во жалбата, во која укажуваат на повреди во процедурата, која истражната судијка иако била должна, не ги констатирала во решението, каде што задолжително се цени постапката на аппсење и времето на изведуцање пред судија на претходна постапка.

Жалбата на решението за притвор била поднесена нешто по полноќ во саботата во судот, во рокот од 24 часа по определување на притворот, утрово било заведено и распоредено кај Кривичен совет кој треба да одлучува по истото.

Адвокатите бараат тоа да биде на јавна седница, за да ги образложат нивните аргументи.

Според судски извори, во жалбата се напаѓа решението на судијата на претходна постапка поради погрешно утврдена фактичка состојба и затоа се бара од Кривичниот совет да закаже седница на која ќе ги повика адвокатите кои ќе ги изнесат своите аргументи и пред тројца судии и бараат да се преиначи решението и да се пушти Камчев од притвор.

Целиот текст може да го прочитате на следниот линкhttp://svedok.org.mk/mk/record.php?id=1280

Треба да знаете
Последни објави