Search

Буџетот за следната година – 3,7 милијарди евра

Буџетот за следната година е проектиран на 3,7 милијарди евра и е за 300 милиони поголем од годинава. Планирано да се приберат 3,4 милијарди евра и во нив се пресметани приходите што треба да ги донесе прогресивниот данок. Околу 460 милиони евра буџетски пари се за плати на администрацијата. Планираниот дефицит е за 0,2% помал во однос на годинава.Капиталните инвестиции се проектирани на оптимистички 418 милиони евра.За пензии ќе бидат потрошени  917 милиони. Растот на економијата се планира да биде 3,2 проценти. Министерството предвидува до година цените да бидат стабилни, стапката на инфлација е проектирана на 2 отсто.
Треба да знаете
Последни објави