Министерот Фазлиу го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска го посети Технолошкиот парк кој функционира во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а се сретна и со ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети. Со него разговарале за продлабочување на соработката со цел ставање во  функција на научните знаења и можностите на академскиот кадар во интерес на економскиот развој и подобрување на институционалните капацитети на национално и локално ниво.

Можностите се големи, така што комуникацијата и зајакнувањето на соработката со Универзитетот на ЈИЕ и со другите универзитети, оди во полза пред се, на образовните институции,  студентите и граѓаните на целиот регион. Очекуваме  интересни иницијативи од страна на академскиот кадар, како и од самите студенти со што ќе се охрабрат апликантите да конкурираат  со квалитетни проекти во идните јавни повици за прекугранична соработка, од кои еден повик ќе биде веднаш по новата календарска година, рекол Фазлиу.

Во кампусот на УЈИЕ, Фазлиу при посетата на Технолошкиот парк од менаџерите  бил запознат со петгодишната историја на Паркот, тековните активности, целта и неговата визија. Проект- менаџерот Висар Демири  го информирал министерот Фазлиу за досегашните активности, нагласувајќи ја идејата за зајакнување на врските помеѓу академските институции, индустријата и бизнис-секторот за преточување на истите во акција, знаење и експертиза, за развој на компаниите базирани на академско знаење, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави