Search

Притворен дилер од Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Според полицијата, на 09.11.2018 година од страна на полициски службеници по претходна судска наредба при претрес на домот и помошните простории на пријавениот пронајдени биле 491 грама марихуана, семки од канабис и 14 милилитри хашиш.

Од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави