Турски весник: Телото на Кашоги било растопено во киселина и фрлено во канализација

Турски весник: Телото на Кашоги било растопено во киселина и фрлено во канализација

Турскиот весник „Сабах“ објави дека убијците на саудискиот новинар, Џамал Кашоги го фрлиле неговото тело во канализација, кое претходно го растопиле во киселина.

Анализа на примероци од канализацијата во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, овозможило да бидат откриени трагите од киселината, тврди весникот.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул. Саудиските власти долго го негираа неговото убиство, по што објавија дека новинарот бил убиен во операција што Ријад не ја одобрил.

Треба да знаете
Последни објави