Search

Триесет дена притвор за Камчев

Триесет дена притвор за бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев. Ова е одлуката на судијката по претходна постапка за случајот „Империја“на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по речиси десетчасовен распит на петмината приведени од вкупно 13 осомничени.

Во затворот „Шутка” ноќеска се притворени дел од петте осомничени кои беа на распит за случајот „Империја” на СЈО. Пристигнаа околу 2.30 часот, со возила, поради што не можеше да се утврди за кој точно станува збор.

Од СЈО вчера информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја” против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на предистражната постапка, со преземање различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

СЈО вчера во соработка со МВР изврши 12 претреси.

Треба да знаете
Последни објави