Search

17 мртви во бомбашки напад во Сомалија

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Шефот на полицијата Мохамед Хусеин изјави дека, по се изгледа, експлозиите се дело на бомбаш-самоубиец, детонирани во близина на хотелот Сахафи, кој се наоѓа спроти  Одделот за кривични истраги на националната полиција на Сомалија.

Според ДПА, по експлозиите се слушнале истрели од автоматско оружје.

– Досега потврдивме дека загинале 17 цивили, изјави полицискиот службеник Али Нур.

– Тие патувале во јавни возила на местото на настанот кога се случиле експлозиите и пукањето од огнено оружје. Бројот на жртвите сигурно ќе се зголеми, истакна Нур.

Треба да знаете
Последни објави