Search

Панделески: Tврдам дека нема криминално работење во компаниите на мојата фамилија

Панделески: Tврдам дека нема криминално работење во компаниите на мојата фамилија

По повод новоотвореното обвинение на СЈО под назив „Империја“, од ЗК „Пелагонија“ до медиумите испратија писмена изјава од директорот на комбинатот, Цветан Панделески, кој е сопственик и партнер на дел од фирмите споменати во обвинението.

„Компаниите кои што се во сопственост на фамилијата Панделески, и во минатото и денес работат според позитивните законски прописи во државата. Под полна одговорност тврдам дека нема никакво криминално работење во нашите напори, во услови во какви што се наоѓаме како држава, да обезбедиме што поголем број работни места за македонските семејства. Односот на нашите компании кон македонските државни институции и пред се пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност“, се вели во изјавата на Панделески.

Новата истрага на СЈО е поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители. Истата е насочена против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски, како и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев.

Треба да знаете
Последни објави