Search

Обука во соработка со француската амбасада: Спортски натпревари- управување со навивачки групи

Обука во соработка со француската амбасада: Спортски натпревари- управување со навивачки групи

Во рамки на годинашнава програма за обуки на македонски полициски службеници предложена и поддржана од Република Франција, односно од амбасадата на Франција во Република Македонија, денес (09.11.), заврши обуката на 25 припадници на МВР од областа на јавниот ред и мир и превенција. Обуката која се реализираше во текот на изминативе неколку дена беше посветена на подготовка на спортски настан, управување и контрола на навивачи, координација на служби и размена на информации во рамки на организација на чувствителни спортски настани.

Министерството за внатрешни работи има одлична соработка со Амбасадата на Француската Република, особено во делот на спроведување на обуки за припадници на Министерството за внатрешни работи и при таа соработка француската полиција партиципира со врвни експерти во своите области. Годинава едукативната програма, покрај изучувањето на францускиот јазик, беа опфатени и обуки за борба против тероризмот, против нелегалната трговија со дрога и оружје, а од посебно значење за МВР беа и обуките во областа на криминалистичко-техничките испитувања и вештачења.

Треба да знаете
Последни објави